Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Здравствени состојби и интервенции

Рак на дојки: рани симптоми, самопреглед и понатамошен третман

Ракот на дојка е најчестиот карцином кај жените ширум светот и една од болестите каде раното откривање значително ја подобрува успешноста на третманот. Иако најчесто се јавува кај жени, важно е да се знае дека и мажите можат да развијат рак на дојка, но многу поретко.

Разбирањето на раните симптоми, правилно изведениот самопреглед и навременото започнување со третман може да направат голема разлика во исходот.

Што е рак на дојка?

Ракот на дојка настанува кога клетките во дојката почнуваат неконтролирано да се размножуваат. Најчесто започнуваат во каналчињата што го носат млекото до брадавицата (инвазивен дуктален карцином) или во жлезденото ткиво кое создава млеко (инвазивен лобуларен карцином).

Важно е да се знае дека многу промени во дојките не се рак, но секоја нова или необична промена треба да се провери.

Рани симптоми на рак на дојка

Не сите лица со рак на дојка имаат јасни симптоми, но најчестите предупредувачки знаци се:

  • Оток на дел од дојката или на целата дојка, дури и без да чувствувате јасна грутка
  • Промени на кожата на дојката: набирање, вдлабнатини, налик на кожата како „кора од портокал“, иритација
  • Промени на брадавицат како воволекување навнатре, промена на форма, црвенило или лупење на кожата околу неа
  • Исцедок од брадавицата (особено крвав или проѕирен, кој не е мајчино млеко)
  • Зголемени лимфни жлезди под пазувите или над клучната коска

Ако забележите било кој од овие симптоми, тоа не значи дека сигурно имате рак, но е многу важно да се прегледате.

Самопреглед на дојките – како и кога?

Самопрегледот на дојките е едноставен начин подобро да го запознаете изгледот и чувството на вашите дојки. Така полесно ќе забележите промени. Тој не ја заменува мамографијата или лекарскиот преглед, туку ги надополнува.

Кога да правите самопреглед?
  • Еднаш месечно
  • Најдобро 3–5 дена по завршување на менструацијата, кога дојките се помалку чувствителни
  • Ако немате менструација (менопауза), одберете еден ист датум секој месец
Чекор 1: Гледање пред огледало
  • Соблечете се до половина и застанете пред огледало со рацете спуштени покрај телото.
  • Погледнете ја големината, формата и симетријата на двете дојки.
  • Потоа кренете ги рацете над глава и повторно набљудувајте.
  • Побарајте: вдлабнатини, набирање на кожата, промени на брадавиците, црвенило или оток.

Чекор 2: Преглед под туш или легнати

  • Најлесно е да ги прегледате дојките кога кожата е влажна или кога лежите.
  • Користете ги трите средни прсти на спротивната рака (на пр. десна рака за левата дојка).
  • Со кружни движења нежно притискајте ја дојката – прво со лесен, потоа со среден и посилен притисок.
  • Покријте ја целата дојка: од клучната коска до ребрата, и од средината на градите до пазувата.
  • Не заборавајте да го опипате и делот под пазувата, каде се наоѓаат лимфните жлезди.
Чекор 3: Брадавицата
  • Нежно притиснете ја брадавицата и проверете дали има исцедок.
  • Ако почувствувате нова грутка, забележите промена на кожата или исцедок, обратете се кај лекар.
Кога е задолжително да посетите лекар?

Закажете преглед кај матичен лекар, гинеколог или радиолог ако:

  • забележите нова грутка или задебелување
  • имате промена во форма, големина или асиметрија на дојките
  • забележите промени на кожата (црвенило, лупење, вдлабнатини)
  • имате исцедок од брадавицата, особено ако е крвав
  • постои болка во дојката која трае подолго од неколку недели и не е поврзана со циклусот

Добро е да се консултирате со лекар и ако немате симптоми, но:

  • сте постари од 40 години и никогаш не сте направиле мамографија
  • имате блиски роднини (мајка, сестра) со рак на дојка
  • знаете дека имате наследна генетска мутација (BRCA1, BRCA2 и сл.)
Дијагностика – што следува по лекарски преглед?

Ако лекарот забележи сомнителна промена, следат неколку можни испитувања:

  • Мамографија

Рендгенски преглед на дојките кој може да открие промени многу порано отколку што може да се напипа грутка. Најчесто се препорачува по 40-та година, но кај лица со висок ризик може и порано.

  • Ехографија (ултразвук)

Безбеден, безболен преглед кој помага да се разликуваат цисти од цврсти тумори, особено кај млади жени со погусти дојки.

  • Магнетна резонанца (MRI)

Се користи кај лица со зголемен ризик или кога резултатите од мамографија и ултразвук се недоволно јасни

  • Биопсија

Најсигурен метод. Се зема мал примерок од ткиво и се анализира под микроскоп за да се утврди дали е малигно.

Понатамошен третман – кои опции постојат?

Третманот за рак на дојка зависи од неговиот тип, големина, стадиумот и присуството на хормонски рецептори. Секој план е индивидуален, а најчесто вклучува комбинација од повеќе терапии.

1. Хирургија
  • Лумпектомија – отстранување само на туморот и мал дел околу него.
  • Мастектомија – отстранување на целата дојка.

2. Радиотерапија
Се користи по операција за уништување на преостанати малигни клетки и намалување на ризикот од повторување.

3. Хемотерапија
Лекови кои го уништуваат или запираат растот на канцерогените клетки. Може да се дава пред или по операција.

4. Хормонска терапија
Кај тумори чувствителни на естроген или прогестерон, овие лекови го блокираат растот на клетките.

5.Таргетирана и имунотерапија
Современи терапии кои делуваат на специфични молекули на туморските клетки или го зајакнуваат имунитетот да ги препознае и уништи.

Ракот на дојка е сериозна, но често излечлива болест кога се открива навреме. Редовниот самопреглед, мамографија според препораките и консултацијата со лекар при секоја промена се клучни чекори кон зачувување на здравјето.

Доверете му се на вашето тело – промените што ги забележувате се важни. Раното откривање спасува животи.

  •  Mayo Clinic. 2024. “Breast Cancer: Symptoms, Causes, Diagnosis and Treatment.” Rochester, MN: Mayo Foundation for Medical Education and Research. Retrieved December 2025 (https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/breast-cancer)
  • World Health Organization (WHO). 2024. “Breast Cancer: Fact Sheet.” Geneva, Switzerland. Retrieved December 2025 (https://www.who.int/news-room/fact-sheets/detail/breast-cancer)
  • Centers for Disease Control and Prevention (CDC). 2024. “Breast Cancer: What You Need to Know.” Atlanta, GA: U.S. Department of Health and Human Services. Retrieved December 2025 (https://www.cdc.gov/breastcancer)

Средна оцена:

2,9 (71 гласа)

Веќе сте гласале. Обидете се подоцна.