Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Здравствени состојби и интервенции

Срце - анатомија и функција

Запознајте го вашето срце

Вашето срце е неверојатен мускулен орган кој постојано за да го одржи вашето тело во живот. Како главна "пумпа" на организмот, секоја минута испумпува околу 5 литри крв, која носи кислород и хранливи материи до сите органи. Со повеќе од 10.000 отчукувања на ден, вашето срце покажува колку е важно за вашето здравје.
 
Местоположба и структура

Срцето се наоѓа во средината на градниот кош, помеѓу белите дробови, зад и малку лево од градната коска. Тоа е обвиткано со двослојна обвивка (мембрана) наречена перикард, која го заштитува и го држи на место. Помеѓу двата слоја на перикардот има тенок слој течност, кој му овозможува на срцето лесно да се движи додека работи.

Срцето е поделено на 4 комори: 
  • Две горни комори (преткомори): левата и десната преткомора.
  • Две долни комори (вентрикули): левата и десната комора.

Левата комора е најсилната од сите, со ѕидови дебели околу половина сантиметар. Таа ја испумпува крвта низ најголемиот крвен сад, аортата, за да ја снабди целото тело со кислород.

Срцеви залистоци

Залистоците во срцето функционираат како еднонасочни врати. Тие ја насочуваат крвта во правилна насока и спречуваат нејзино враќање назад. Постојат два типа залистоци:

Атриовентрикуларни залистоци
Овие се помеѓу преткоморите и коморите:
  • Трикуспиден залисток: Ја поврзува десната преткомора со десната комора.
  •  Митрален залисток: Ја поврзува левата преткомора со левата комора.
Семилунарни залистоци
Овие се отвораат кога крвта излегува од коморите:

Аортен залисток: Ја пропушта крвта од левата комора во аортата, која ја носи крвта низ телото.

Пулмонален залисток: Ја пропушта крвта од десната комора во пулмоналните артерии, кои ја носат крвта до белите дробови за да ја напојат со кислород.

 
Како тече крвта низ срцето?
Крвта се движи низ срцето во постојан циклус: 
  1. Крвта сиромашна со кислород од телото пристигнува во десната преткомора преку големите вени.
  2. Од десната преткомора, поминува низ трикуспидниот залисток во десната комора.
  3. Потоа, се испраќа преку пулмоналните артерии до белите дробови, каде што се збогатува со кислород.
  4. Крвта богата со кислород се враќа во левата преткомора.
  5. Од левата преткомора, поминува низ митралниот залисток во левата комора.
  6. На крајот, левата комора ја пумпа крвта во аортата, која ја пренесува низ целото тело.

Вашето срце секојдневно вложува огромен труд за да ве одржи здрави. Грижете се за него преку здрава исхрана, редовна физичка активност и периодични прегледи. ❤️

  1.  https://www.texasheart.org/heart-health/heart-information-center/topics/heart-anatomy/
  2. https://training.seer.cancer.gov/anatomy/cardiovascular/heart/structure.html
  3. Netter's Cardiology, 3rd Edition Authors: George Stouffer & Marschall S. Runge & Cam Patterson & Joseph S. Rossi ISBN Number 9780323547260 Publication Date 29 Aug 2018
  4. Anatomy, Thorax, Heart Ibraheem Rehman 1, Afzal Rehman 2 In: StatPearls [Internet]. Treasure Island (FL): StatPearls Publishing; 2025 Jan. 2023 Aug 28. PMID: 29262022 Bookshelf ID: NBK470256
  5. Cardiac anatomy revisited Robert H Anderson 1, Reza Razavi, Andrew M Taylor PMID: 15379923 PMCID: PMC1571338 DOI: 10.1111/j.0021-8782.2004.00330.x

Средна оцена:

3 (70 гласа)

Вашата оцена е евидентирана!