Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Здравствени состојби и интервенции

Секогаш уморни? Добивате на тежина? Можно е да е од тироидната жлезда

Тироидната жлезда е мала, во форма на пеперутка, и се наоѓа во предниот дел на вратот. Иако е мала, игра огромна улога во телото – ги контролира биохемиските процеси во телото познати како метаболизам, енергија, температура и работата на многу органи.

Кога тироидната жлезда не произведува доволно хормони, настанува состојба наречена хипотироидизам. И тоа може да има големо влијание врз здравјето и секојдневниот живот.

Како да препознаете хипотироидизам?

Симптомите често се развиваат полека и можат да бидат незабележани со години. Најчестите знаци и симптоми вклучуваат:

  • Постојан замор и чувство на исцрпеност
  • Зголемена тежина без промена во исхраната
  • Сува кожа и кршливи нокти
  • Чувствителност на студ
  • Забавено варење (запек)
  • Заборавеност или ментална магла
  • Намалена концентрација
  • Депресивно расположение
  • Менструални неправилности
  • Подуеност на лицето, особено околу очите

❗ Не мора да ги имате сите симптоми – дури и неколку може да бидат знак.

Чести митови

„Ќе знам ако имам проблем со тироидната жлезда“
Не секогаш. Симптомите се суптилни и лесно се препишуваат на стрес, замор или стареење.

„Сигурно е тироидата, оти се дебелам“
Тироидата може да има влијание, но не е секое зголемување на тежината поврзано со хормонален проблем.

„Пријателка ми рече дека зема хормони, можеби и јас треба“
Никогаш не земајте хормони без лекарски совет. Терапијата за тироидната жлезда е строго индивидуална и зависна од лабораториски вредности.

Кога не е тироидата виновна?

Симптомите како замор и дебелеење може да се појават и поради:

  • Недостаток на сон
  • Недостиг на железо или витамин Б12
  • Лоша исхрана
  • Хроничен стрес
  • Седентарен начин на живот
  • Депресија

Затоа немојте да се самодијагностицирате.

Како се дијагностицира?

Тестирањето е едноставно. Се прави крвен тест за TSH (тироид-стимулирачки хормон). Во некои случаи се мерат и другите тироидни хормони (T3 и T4). Вашиот матичен лекар ќе процени дали е потребно тестирање и ќе ви даде соодветен совет.

Кога да се јавите кај лекар?

Разговарајте со лекар ако:

  • Имате повеќе од горенаведените симптоми
  • Се чувствувате постојано уморно и без енергија
  • Ви е студено дури и кога на другите не им е
  • Забележувате подуеност на лицето или необични промени во менструалниот циклус
  • Немате објаснување за добивање тежина
  • Имате историја на тироидни болести во семејството

Што ако дијагнозата е хипотироидизам?

Не се грижете — хипотироидизмот е состојба која може лесно да се контролира. Се лекува со синтетички хормон (левотироксин), кој се зема еднаш дневно, обично на празен стомак. Потребни се редовни контроли за да се прилагоди дозата.

Со соодветен третман, многу луѓе живеат здрав и нормален живот. Хипотироидизмот може да биде тивок и подмолен, но не е нешто што треба да се игнорира. Ако се сомневате – проверете.

Слушајте го телото, но не дозволувајте стравот или гласините да ве водат. Побарајте стручен совет и информирајте се од доверливи извори.

  1. Mayo Clinic – https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/hypothyroidism/symptoms-causes/syc-20350284
  2. American Thyroid Association – https://www.thyroid.org/hypothyroidism/
  3. NHS UK – https://www.nhs.uk/conditions/underactive-thyroid-hypothyroidism/
  4. Cleveland Clinic – https://my.clevelandclinic.org/health/diseases/12120-hypothyroidism
  5. Институт за јавно здравје на РСМ – https://www.iph.mk

Средна оцена:

2,8 (187 гласа)

Вашата оцена е евидентирана!