Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Здравствени состојби и интервенции

Тироидектомија: како да се подготвите за операција на тироидната жлезда

Тироидектомијата e хируршко отстранување на дел или целата тироидна жлезда. Taa е честа интервенција што се изведува кај пациенти со заболувања на тироидата. Иако самата операција е безбедна и рутинска, како и секој хируршки зафат, бара добра подготовка и јасно информирање.

Симптоми и индикации за тироидектомија

Тироидната жлезда се наоѓа во предниот дел на вратот и игра клучна улога во регулирање на метаболизмот, срцевата функција, телесната температура и многу други процеси преку продукција на хормони.

Најчестите причини за препорака на тироидектомија се:
 
  • Тироидни нодули (јазли): Бенигни или сомнителни формации кои растат или предизвикуваат симптоми
  • Рак на тироидната жлезда
  • Голема струма (зголемена жлезда): Што предизвикува притисок врз дишните патишта или хранопроводот
  • Хипертироидизам: Прекумерна функција на тироидата која не реагира на лекови или радиоактивен јод
  • Гравесова болест која не се контролира со терапија

Симптомите може да вклучуваат:

  • Осетливост или грутка на вратот
  • Отежнато голтање или дишење
  • Промени во гласот
  • Постојан замор, забрзан пулс или нервоза (кај хипертироидизам)
Како се изведува тироидектомија?
Видови на тироидектомија:
  • Тотална тироидектомија: Целосно отстранување на тироидната жлезда
  • Субтотална или делумна тироидектомија: Отстранување на еден лобус (лев или десен)
  • Минимално инвазивна тироидектомија: Со мали резови и помалку ткивно оштетување (достапна во одредени случаи)
Како изгледа операцијата:
  • Се изведува под општа анестезија (пациентот е целосно заспан)
  • Се прави рез на предниот дел од вратот
  • Хирургот внимателно ја отстранува жлездата, избегнувајќи ги важните нерви и паратироидните жлезди
  • Операцијата трае околу 1 до 2 часа
  • Во случаи на рак или зголемена жлезда, може да се отстранат и лимфни јазли за анализа.
Подготовка пред операцијата
Медицински подготовки:
  • Крвни анализи, испитување на функцијата на тироидата (TSH, FT4, T3)
  • Електрокардиограм (ЕКГ) и испитување на белите дробови ако е потребно
  • Ултразвук или сцинтиграфија за прецизна локација и големина на јазлите
  • Ако земате антикоагуланси или лекови за срце/тироидна жлезда, консултирајте се со вашиот лекар
  • За некои пациенти, потребно е предоперативно регулирање на хормоните
Лична подготовка:
  • Не јадете и не пијте 6 до 8 часа пред операцијата
  • Известете ако сте бремени, имате алергии, или користите хронична терапија
  • Донесете удобна облека, без накит околу вратот
Закрепнување и нега по операцијата
Престој во болница:
  • Обично 1 до 2 дена, ако нема компликации
  • Може да имате блага болка или гребење во грлото поради цевката за дишење
  • Облогата ќе биде на вратот, а можеби и ќе ви биде поставена мала дренажа
Можни симптоми по операцијата:
  • Промени во гласот (обично привремени)
  • Отежнато голтање
  • Блага хипокалцемија (поради допир на паратироидните жлезди)
  • Замор или чувство на непријатност
Терапија:
  • Ако е отстранета целата жлезда се дава заменска хормон терапија (левотироксин)  која ќе ја пиете доживотно
  • Ако е делумно отстранета, можно е да не биде потребна хормонска терапија
Следење и контроли
  • Прв преглед: по 7 до 10 дена, за проверка на раната и евентуално вадење конци
  • Наредни анализи: TSH, FT4 и ниво на калциум по потреба
  • Долгорочно следење на хормонска состојба, особено кај пациенти со тотална тироидектомија
Кога да се јавите на лекар?
  • Веднаш контактирајте го вашиот лекар ако имате:
  • Висока температура (> 38.5°C)
  • Преголем оток или црвенило околу раната
  • Отежнато дишење или отежнат говор
  • Мравки во рацете/нозете, мускулни грчеви (можен пад на калциум)

 Тироидектомијата е безбедна и ефикасна интервенција која се користи за третман на тироидни заболувања. Со соодветна подготовка, добра хируршка грижа и редовна контрола по операцијата, пациентите обично имаат целосно закрепнување и нормален живот. 

 

  1. Mayo Clinic. “Thyroidectomy: What you can expect.”www.mayoclinic.org
  2. American Thyroid Association. “Thyroid Surgery.” www.thyroid.org
  3. NHS. “Thyroid gland removal.”www.nhs.uk
  4. Cleveland Clinic. “Thyroidectomy Procedure and Recovery.” www.clevelandclinic.org

Средна оцена:

3 (38 гласа)

Вашата оцена е евидентирана!