Фиксација на коска: Што значи, кога е потребна и како се одвива закрепнувањето
Фиксација на коска е медицинска постапка која се користи за стабилно спојување на скршена или оштетена коска, со цел да заздрави правилно. Таа може да биде внатрешна или надворешна и се применува при различни видови на фрактури или оперативни зафати.
Кога е потребна фиксација на коска?
Фиксацијата на коска се препорачува кога:
● Скршената коска е нестабилна и не може сама да заздрави
● Се работи за комплицирани фрактури (со повеќе фрагменти)
● Коската е преместена од нормалната положба
● Постои отворена скршеница (со изложување на коската)
● За време на ортопедска операција (како вградување на протеза)
● Кај долготрајни повреди или лошо зараснати коски
Со фиксацијата се овозможува коската да остане во точна положба, да не се поместува и да заздрави правилно.
Видови на фиксација
1. Внатрешна фиксација
Се користат метални елементи што се вградуваат внатре во телото:
● Плочи и завртки – за поголеми коски (бут, подлактица)
● Киршнерови игли (K-жици) – кај помали коски
● Интрамедуларни шипки – внатре во коската
● Протези – кога дел од коската е заменет (на пр. зглоб)
Оваа метода бара хируршка интервенција под општа или спинална анестезија.
2. Надворешна фиксација
Уреди што се поставуваат надвор од телото, но прицврстени за коската преку кожата:
● Метални шини, рамки или апарати
● Се користат кај отворени фрактури, инфекции, или кога е потребна привремена стабилизација
Овозможува пристап до раната и лесно прилагодување.
Најчести типови на скршеници и очекувано време за закрепнување
1. Скршеница на колк (hip fracture)
● Се јавува главно кај постари лица (особено жени со остеопороза)
● Често бара хируршка фиксација со завртки или замена на зглобот (ендопротеза)
● Период на закрепнувње е3–6 месеци и се препорачува ведаш започнување со физиотерапија и одење со помошни средства (шеталка/штаките)
2. Скршеница на зглоб на рака (distal radius fracture)
● Се јавува кај лица кои паднале на испружена рака
● Најчест третман е со гипс или плоча и завртки
● Период на закрепнување е 6–8 недели и целосно враќање на подвижноста со помош на вежби
3. Скршеница на зглоб на глуждот
● Се јавува кај млади и активни лица, спортисти
● Третманот зависи од стабилноста; понекогаш е потребна внатрешна фиксација
● Период на закрепнувње е 8–12 недели
4. Скршеница на бедро (femur fracture)
● Третман е со помош на внатрешна фиксација со шипка или плоча
● Време за закрепнување е4–6 месеци со рехабилитација интензивна и постепена
Подготовка пред интервенцијата
● Медицински преглед и снимање (рентген, CT, MRI)
Крвна слика, ЕКГ, и проценка за анестезија
● Престанок на одредени лекови (антикоагуланси)
● Постење 6–8 часа пред операцијата
Пациентот треба да го информира лекарот за алергии, хронични заболувања и сите лекови што ги зема.
Што да очекувате по операцијата?
Во болница:
● Време на престој: 1–3 дена (понекогаш подолго кај сложени случаи)
● Ќе добиете аналгетици за болка
● Раната ќе биде обвиткана со завои
● Ќе започнете физиотерапија
Дома:
● Одмор и чување на екстремитетот во покачена положба
● Редовно менување на завои (ако има надворешна фиксација)
● Почитување на препораките за избегнување кревање тежина, движење и вежби
● Контроли кај хирургот за проверка на заздравување
● Вадење на надворешниот уред (ако има) по 6–12 недели
● Внатрешна фиксација може да остане или се вади подоцна (во зависност од случајот)
Ризици и можни компликации
Сите хируршки интервенции носат потенцијални ризици. Кај фиксацијата на коска тие се:
● Инфекција на раната или околу металот
● Крварење или хематом
● Повреда на нерв или крвни садови
● Одбивање на имплантот или алергиска реакција
● Недоволно зараснување или погрешно зараснување
● Што е поретко: потреба од повторна операција
Со почитување на советите и редовни контроли, компликациите се редуцираат на минимум.
Физиотерапија и опоравување
● Физиотерапевт ќе ви покаже специфични вежби за зајакнување на мускулите и враќање на движењата
● Вежбите почнуваат постепено, во фази
● Може да се користат помагала за одење (штаките, шеталка)
● Опоравувањето трае неколку недели до неколку месеци, во зависност од возраста, здравјето и тежината на повредата
Фиксацијата на коска е надежен и безбеден метод за лекување на скршеници. Соодветната медицинска нега, правилното информирање, и активната вклученост во процесот на рехабилитација се клучни за успешен исход.
Mayo Clinic – Fracture Repair and Bone Fixation
American Academy of Orthopaedic Surgeons (AAOS) – Bone Fracture Treatment
Cleveland Clinic – Internal and External Fixation of Bones