Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Здравствени состојби и интервенции

Фиксација на коска: Што значи, кога е потребна и како се одвива закрепнувањето

Фиксација на коска е медицинска постапка која се користи за стабилно спојување на скршена или оштетена коска, со цел да заздрави правилно. Таа може да биде внатрешна или надворешна и се применува при различни видови на фрактури или оперативни зафати.

Кога е потребна фиксација на коска?

Фиксацијата на коска се препорачува кога:

●     Скршената коска е нестабилна и не може сама да заздрави

●     Се работи за комплицирани фрактури (со повеќе фрагменти)

●     Коската е преместена од нормалната положба

●     Постои отворена скршеница (со изложување на коската)

●     За време на ортопедска операција (како вградување на протеза)

●     Кај долготрајни повреди или лошо зараснати коски

Со фиксацијата се овозможува коската да остане во точна положба, да не се поместува и да заздрави правилно.

Видови на фиксација
1. Внатрешна фиксација

Се користат метални елементи што се вградуваат внатре во телото:

●     Плочи и завртки – за поголеми коски (бут, подлактица)

●     Киршнерови игли (K-жици) – кај помали коски

●     Интрамедуларни шипки – внатре во коската

●     Протези – кога дел од коската е заменет (на пр. зглоб)

Оваа метода бара хируршка интервенција под општа или спинална анестезија.
2. Надворешна фиксација

Уреди што се поставуваат надвор од телото, но прицврстени за коската преку кожата:

●     Метални шини, рамки или апарати

●     Се користат кај отворени фрактури, инфекции, или кога е потребна привремена стабилизација

Овозможува пристап до раната и лесно прилагодување.

 
Најчести типови на скршеници и очекувано време за закрепнување
 1. Скршеница на колк (hip fracture)

●     Се јавува главно кај постари лица (особено жени со остеопороза)

●     Често бара хируршка фиксација со завртки или замена на зглобот (ендопротеза)

●     Период на закрепнувње е3–6 месеци и се препорачува ведаш започнување со физиотерапија и одење со помошни средства (шеталка/штаките)

 2. Скршеница на зглоб на рака (distal radius fracture)

●     Се јавува кај лица кои паднале на испружена рака

●     Најчест третман е со гипс или плоча и завртки

●     Период на закрепнување е 6–8 недели и целосно враќање на подвижноста со помош на вежби

 3. Скршеница на зглоб на глуждот

●     Се јавува кај млади и активни лица, спортисти

●     Третманот зависи од стабилноста; понекогаш е потребна внатрешна фиксација

●     Период на закрепнувње е 8–12 недели

4. Скршеница на бедро (femur fracture)

●     Третман е со помош на внатрешна фиксација со шипка или плоча

●     Време за закрепнување е4–6 месеци со рехабилитација интензивна и постепена


Подготовка пред интервенцијата

●     Медицински преглед и снимање (рентген, CT, MRI)
Крвна слика, ЕКГ, и проценка за анестезија

●     Престанок на одредени лекови (антикоагуланси)

●     Постење 6–8 часа пред операцијата

Пациентот треба да го информира лекарот за алергии, хронични заболувања и сите лекови што ги зема.

Што да очекувате по операцијата?
Во болница:

●     Време на престој: 1–3 дена (понекогаш подолго кај сложени случаи)

●     Ќе добиете аналгетици за болка

●     Раната ќе биде обвиткана со завои

●     Ќе започнете физиотерапија

Дома:

●     Одмор и чување на екстремитетот во покачена положба

●     Редовно менување на завои (ако има надворешна фиксација)

●     Почитување на препораките за избегнување кревање тежина, движење и вежби

●     Контроли кај хирургот за проверка на заздравување

●     Вадење на надворешниот уред (ако има) по 6–12 недели

●     Внатрешна фиксација може да остане или се вади подоцна (во зависност од случајот)

Ризици и можни компликации

Сите хируршки интервенции носат потенцијални ризици. Кај фиксацијата на коска тие се:

●     Инфекција на раната или околу металот

●     Крварење или хематом

●     Повреда на нерв или крвни садови

●     Одбивање на имплантот или алергиска реакција

●     Недоволно зараснување или погрешно зараснување

●     Што е поретко: потреба од повторна операција

Со почитување на советите и редовни контроли, компликациите се редуцираат на минимум.

Физиотерапија и опоравување

●     Физиотерапевт ќе ви покаже специфични вежби за зајакнување на мускулите и враќање на движењата

●     Вежбите почнуваат постепено, во фази

●     Може да се користат помагала за одење (штаките, шеталка)

●     Опоравувањето трае неколку недели до неколку месеци, во зависност од возраста, здравјето и тежината на повредата

Фиксацијата на коска е надежен и безбеден метод за лекување на скршеници. Соодветната медицинска нега, правилното информирање, и активната вклученост во процесот на рехабилитација се клучни за успешен исход.

 

  1. Mayo Clinic – Fracture Repair and Bone Fixation
  2. American Academy of Orthopaedic Surgeons (AAOS) – Bone Fracture Treatment
  3. Cleveland Clinic – Internal and External Fixation of Bones
  4. NHS – Surgery for Broken Bones

Средна оцена:

3 (43 гласа)

Оцени:

Вашата оцена е евидентирана!