Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Корисни информации

Првите педијатриски прегледи: Што треба да знаете?

Првите посети на педијатарот се клучен дел од грижата за здравјето на вашето новороденче. Овие прегледи не само што овозможуваат следење на растот и развојот, туку и помагаат во рано откривање на можни здравствени проблеми. Во овој водич, ќе објасниме што да очекувате при првите педијатриски прегледи и како најдобро да се подготвите.

Кога треба да се закаже првиот преглед?
Според препораките на педијатрите, првиот преглед треба да се закаже во првата недела по раѓањето, идеално во рок од три до пет дена. Овој преглед е важен за следење на адаптацијата на новороденчето на животот надвор од матката, проверка на телесната тежина, процесот на хранење и евентуалните знаци на жолтица.

Што да очекувате на првиот преглед?
При првиот преглед, педијатарот ќе изврши детален физички преглед кој вклучува:

  • Мерење на телесна тежина, должина, обем на глава.
  • Проверка на бројот на респираторни движења во минута (дишење), бројот на отчукувања на срцето во минута, големината на црниот дроб и слезината.
  • Испитување на главата, лицето и сетилата.
  • Преглед на градниот кош.
  • Испитување на абдоменот.
  • Генитален преглед.
  • Невролошки преглед.
  • Држење на детето, подвижност на зглобовите и мускулен тонус.
  • Примитивни рефлекси.
  • Плачење.

Педијатарот ќе даде препораки за хранењето, особено ако мајката има потешкотии со доењето, и ќе укаже на можни проблеми со спиењето.

Доколку забележите дека некој дел од прегледот е испуштен, дека одреден дел од набљудувањето е направено површно или пак сте загрижени за развојот и здравјето на бебето – задолжително прашајте го.

Следните прегледи и нивната важност
По почетниот преглед, следат редовни контроли, обично на возраст од 1 месец, 2 месеци, 4 месеци, 6 месеци, 9 месеци, 12 месеци.

Овие прегледи се важни за:

  • Следење на растот и развојот.
  • Вакцинација според националниот календар за имунизација.
  • Контрола на сензорниот и моторниот развој.
  • Поставувате прашања:
    • За спиењето: Колку часа сон е нормално за оваа возраст? Како да го препознаам ако бебето има проблеми со спиењето?
    • За хранењето: Дали моето бебе добива доволно млеко? Како да знам дали е потребна дополнителна исхрана?
    • За столицата: Колку често треба да има столица и каква боја или текстура е нормална?
    • За грчевите во стомакот: Кои се знаците на грчеви и како можам да му помогнам на моето бебе?
    • За навиките на бебето: Како да препознаам дали развојот на бебето оди нормално? Дали е нормално да биде многу немирно или многу поспано?

Како да се подготвите за прегледот?
Подготовката за прегледот ќе ви помогне да добиете најмногу од посетата:

  • Направете листа на прашања или загрижености што ги имате.
  • Облечете го бебето во лесна облека која лесно се соблекува.
  • Носете резервни пелени, влажни марамчиња и облека за пресоблекување.
  • Доведете ја здравствената книшка и другата медицинска документација.
  • Ако бебето е на формула, понесете подготвено млеко за хранење по потреба.

Редовните педијатриски прегледи се основа за здрав раст и развој на вашето дете. Навремените контроли овозможуваат рано откривање на евентуални здравствени проблеми и соодветна поддршка за родителите. Со правилна подготовка и доверба во вашиот педијатар, можете да бидете сигурни дека вашето бебе добива најдобра можна грижа.

  1. American Academy of Pediatrics. (n.d.). Bright futures: Well-child visits parent and patient education  https://www.aap.org/en/practice-management/bright-futures/bright-futures-family-centered-care/well-child-visits-parent-and-patient-education/
  2. WebMD. (n.d.). What to know about well-child visits. from https://www.webmd.com/children/what-to-know-about-well-child-visits
  3. Eunice Kennedy Shriver National Institute of Child Health and Human Development. (n.d.). Well-child visit. from https://www.nichd.nih.gov/health/topics/infantcare/conditioninfo/well-child-visitв 

Средна оцена:

3 (74 гласа)

Оцени:

Вашата оцена е евидентирана!