Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Нутриција

Нутритивни алергии: Како квалитетно да се храните и избегнувате “тригери” (предизвикувачи)

Нутритивните алергии претставуваат предизвик за многумина бидејќи бараат внимателно планирање на оброците за да се избегнат алергиски реакции, додека истовремено се обезбедува урамнотежена и хранлива исхрана. Ако имате нутритивна алергија, важно е да разберете како да ги избегнете тригерите и да најдете безбедни алтернативи кои ги задоволуваат вашите прехранбени потреби.

Што се нутритивни алергии?

Нутритивните алергии се имунолошки одговор на телото на одредени протеини во храната кои организмот погрешно ги препознава како закана. Кога лице со алергија консумира таква храна, имунолошкиот систем ослободува хемикалии како што е хистамин, што може да доведе до различни симптоми, од благи до тешки. Симптомите на алергиски реакции може да варираат, но често вклучуваат осип, отекување, проблеми со варењето, потешкотии при дишењето, па дури и анафилакса – животно загрозувачка реакција која бара итна медицинска помош.

Најчести алергени во храната вклучуваат:

  • Млечни производи
  • Јајца
  • Кикирики и јаткасти плодови
  • Пченица и житарки кои содржат глутен
  • Сојa
  • Риба, школки и мекотели
Како алергени се јавуваат и целер, лупина, сусам и горчица.

Производителите на храна која се продава во Европската унија имаат обврска на декларациите на производите да ги истакнат сите овие наведени алергени, вклучувајќи и сулфaти кога нивната количина ја надминува 10 mg/kg или литар на производот.

Како да препознаете алергија на храна?

Ако имате сомневање за нутритивна алергија, обратете се на вашиот лекар. Дијагностиката обично вклучува детална анамнеза, водење дневник на исхраната, кожни тестови или тестови на специфични IgE антитела. Точната дијагноза е клучна за избегнување на непотребно исклучување на одредени намирници од исхраната.

Планирање на исхраната кај нутритивни алергии

  1. Избегнување на алергени

Првиот чекор во управувањето со нутритивните алергии е избегнување на храна која содржи алергени. Внимателното читање на декларациите на пакувањата е клучно бидејќи алергени можат да бидат присутни во трагови во многу преработени производи. Исто така, бидете свесни за крос-контаминација при готвењето дома или нарачување храна во ресторани.

  1. Најдете сигурни замени
  • Млечни производи: Заменете го кравјото млеко со растителни алтернативи како што се бадемово, овесно или соино млеко (ако немате алергија на соја).
  • Јајца: Во печењето користете замени како ленено семе помешано со вода, пире од јаболка или комерцијални замени за јајца.
  • Пченица: Безглутенски мешавини на брашно од ориз, бадеми или пченка се добра алтернатива.
  • Кикирики и јаткасти плодови: Семки од сончоглед или тиква можат да послужат како безбедни замени.
  • Риба и школки: За извор на протеини изберете пилешко, мисиркино или мешунки.
  1. Збогатете ја исхраната со хранливи материи

Избегнувањето на одредени намирници може да доведе до недостиг на хранливи материи. На пример:

  • Ако избегнувате млечни производи, погрижете се за внес на калциум од зеленчук како што е брокулата, бадемите или збогатените растителни млека.
  • Недостигот на риба во исхраната може да се надомести со додатоци на омега-3 масни киселини или намирници како што се ленено семе.
  • Ако не консумирате јајца, размислете за додатоци на витамин B12.
  1. Планирајте ги оброците однапред

 Избегнувањето на алергени бара дополнително планирање. Подгответе мени за неделата однапред и секогаш имајте храна што сигурно можете да ја консумирате (на пр. овошје или безбедни закуски), за да избегнете импулсивни одлуки кои можат да резултираат со внес на алерген.

Исхрана надвор од дома

Кога јадете во ресторани или кај пријатели, бидете отворени за вашата алергија. Прашајте за состојките и начинот на подготовка на храната за да бидете сигурни дека оброкот е безбеден. Менијата во рестораните обично имаат наведени алергени кај секое јадење, па имајте ги во предвид при нарачување и бидете сигурни дека храната која ја нарачувате не содржи алергени кои сметате дека не можете да ги консумирате.

Кога да побарате стручна помош?

Диететичар или нутриционист специјализиран за алергии може да ви помогне во креирањето на прилагоден план на исхрана. Исто така, ако вашата алергија предизвикува сериозни симптоми, консултирајте се со лекар за употреба на лекови како што се антихистамини или адреналински инјектори (EpiPen).

Заклучок

Иако нутритивните алергии можат да претставуваат предизвик, со добра организација и внимателно планирање е можно да се води здрав и урамнотежен живот. Образованието, свесноста за храната и соработката со медицински проефесионалци се клучни за успешно управување со алергиите и одржување на квалитетот на живот.

Средна оцена:

3 (79 гласа)

Оцени: