Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Нутриција

Поврзаност помеѓу консумацијата на црвено месо и ризикот од рак

Црвеното месо, кое често е омилен извор на протеини, традиционално зазема значајно место на нашите менија. Сепак, сè повеќе докази укажуваат на можната поврзаност помеѓу неговата консумација и зголемениот ризик од развој на одредени типови на рак. Резултатите од бројни научни истражувања за оваа врска доведоа и до промени во препораките за исхрана.

Што се смета за „црвено“ месо и месни преработки?

Терминот „црвено месо“ се однесува на мускулите од цицачи кои имаат карактеристична црвена боја во својата сурова состојба. Ова вклучува месо од:

  • Говеда (говедско, јунешко, телешко),
  • Свињи (свинско),
  • Овци (јагнешко, овчо) и
  • Кози (козјо месо).

Преработеното или процесирано црвено месо, односно месните преработки, се добиваат со примена на разни технолошки постапки како димење, сушење, солење и/или додавање хемиски конзерванси. Примери за месни преработки се:

  • Месни конзерви и паштети,
  • Колбаси, виршли,
  • Сланина и разни сувомесни производи (пршут, печеница, сув врат, будолa),
  • Мелено и обликувано месо (ќебапи, плескавици, шницли).

Нутритивен состав на црвеното месо

Црвеното месо е богат извор на протеини кои ги содржат сите аминокиселини потребни за организмот. Тоа е исто така значаен извор на железо, витален минерал за создавање на црвените крвни клетки, особено во специфичниот облик наречен хем-железо, кое телото лесно го апсорбира и користи. Дополнително, црвеното месо содржи цинк и витамин Б12.
Сепак, ова месо често содржи заситени масти и холестерол, кои во поголеми количини можат негативно да влијаат на здравјето на срцето и крвните садови.

Како црвеното месо е поврзано со ризикот од рак?

Сè поголем број научни докази укажуваат на поврзаноста помеѓу консумацијата на црвено месо и месни преработки со зголемен ризик од одредени видови на рак.

  • Рак на желудник – Истражувањата ја поврзуваат негативната улога на хем-железото во создавање на штетни соединенија и поттикнување на растот на бактерии како Helicobacter pylori, која е главен фактор за рак на желудник.
  • Колоректален рак – Ризикот се зголемува со вкупната количина на внесено црвено месо, честата на консумација на црвено и преработено месо, како и методите на подготовка при високи температури.
  • Рак на дојка – Консумацијата на црвено месо и месни преработки е поврзана со зголемен ризик од рак на дојка, особено кај постменопаузални жени.
  • Рак на панкреас – Ограничени докази покажуваат дека соединенијата што настануваат при димење и печење месо на скара може да го зголемат ризикот од рак на панкреас.

Механизми на зголемен ризик од рак

Неколку механизми ја објаснуваат врската помеѓу консумацијата на црвено и преработено месо и ризикот од рак:

  • Канцерогени соединенија: Готвењето на црвено месо на високи температури произведува канцерогени соединенија како што се хетероциклични амини и полициклични ароматични јаглеводороди.
  • Хем-железо: Природно присутно во црвеното месо, може да го зголеми оксидативниот стрес и да го поттикне создавањето на канцерогени N-нитрозо соединенија во цревата.
  • Конзерванси: Нитратите и нитритите во месните преработки за време на дигестијата може да формираат соединенија со канцерогено дејство.

Што можеме да направиме: умереност и супституции

Црвеното месо може да биде дел од урамнотежена исхрана, но умереноста е клучна. Еве неколку препораки:

  • Ограничете го внесот на помалку од 455 г варено црвено месо (600–700 г сурово) неделно.
  • Избирајте немасни делови од месото и користете поздрави методи за готвење (варење, динстање, печење во рерна).
  • Зголемете го внесот на растителни извори на протеини како мешунки, јаткасти плодови, тофу и цели зрна.
  • Вклучете повеќе риба и живина наместо црвено месо.
  • Избегнувајте месни преработки што е можно повеќе.

Со правилно разбирање на ризиците и мудар избор на храна, можеме да уживаме во разновидна исхрана додека го намалуваме ризикот од рак.

  1. Sivasubramanian BP et al. Comprehensive Review of Red Meat Consumption and the Risk of Cancer. Cureus. 2023 Sep 15;15(9):e45324.
  2. The International Agency for Research on Cancer (IARC). European Code Against Cancer. https://cancer-code-europe.iarc.fr
  3. The Cancer Trends Progress Report. Red Meat and Processed Meat Consumption. National Cancer Institute, NIH, DHHS, Bethesda, MD, March 2024. https://progressreport.cancer.gov

Средна оцена:

3 (64 гласа)

Оцени: