Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Здравствени состојби и интервенции

Мамографија: Сè што треба да знаете пред прегледот

Мамографијата е рентгенски преглед на дојките кој помага во рано откривање на промени, вклучувајќи и Рак на дојка. Овој текст објаснува што е мамографија, кога се прави, како изгледа прегледот и што треба да знаете пред да отидете.

Што е мамографија?
Мамографијата е посебен вид на рентгенска снимка која прави детални слики од дојките. Таа може да открие промени што не се чувствуваат со рака – како мали грутки или други промени во ткивото.

Иако користи мала доза на зрачење, таа е брза, ефикасна и во многу случаи животоспасувачка, бидејќи открива болести во рана фаза кога најдобро се лекуваат.

Кога се препорачува мамографија?
Мамографијата се препорачува:

  • За сите жени во нашата држава – Базичната (првата) мамографија се прави кај сите жени на возраст од 40 години без оглед на тоа дали имаат тегоби најчесто како дел од скрининг (превентивни прегледи) програмата на Р. Северна Македонија, еднаш на секои 2 години или порано според совет од лекар.
  • Кај жени со позитивна семејна историја (позитивна историја значи дека мајка, баба или тетка имале Рак на дојка), прегледот се започнува на 35 години.
  • Исто така, мамографија може да се прави и ако се забележат промени на дојките – како грутка, болка, оток или секрет од брадавицата и кај жени помлади од 40 години односно во било кое возрасно доба.

Густина на дојки

Густина на дојка е поим кој се користи во мамографијата за да опише колку жлездено и сврзно ткиво има во дојките во однос на масното ткиво. Тоа не се чувствува со рака, туку се гледа само на мамографска слика.

 
Што значи "густа дојка"?
  • Дојките се „густи“ кога има повеќе жлездено и сврзно ткиво, а помалку масно ткиво.
  • На мамографијата, густото ткиво изгледа бело, исто како и потенцијалните несакани промени (како тумори). Затоа е потешко да се забележат абнормалности кај жени со густи дојки.

Како изгледа прегледот?
Прегледот трае околу 10 до 15 минути. Еве што да очекувате:

  • Ќе ви побараат да ја соблечете облеката од горниот дел, а може да ви биде побарано да облечете болничка наметка. 
  • Медицинскиот техничар ќе ја постави дојката на плоча од апаратот. 
  • Дојката ќе се притисне неколку секунди за да се добие појасна слика. Може да биде непријатно, но не треба да боли. 
  • Се прават снимки од двете дојки, најчесто од две позиции.

Како да се подготвите за прегледот?
Неколку совети што ќе ви помогнат:

  • Не користете дезодоранс, пудра или парфем на денот на прегледот – тие можат да го заматат рентгенот. 
  • Закажете преглед по менструацијата – дојките обично се помалку осетливи тогаш. 
  • Облечете лесна облека – за полесно соблекување на горниот дел. 
  • Ако претходно сте правеле мамографија, понесете ги старите снимки.

Дали мамографијата е безбедна?
Да. Мамографијата користи мала количина на зрачење – дозата е ниска и се смета за безбедна. Придобивките од раното откривање на Ракот на дојка се многу поголеми од ризиците.

Што по прегледот?
По прегледот:

  • Можете веднаш да продолжите со вашите активности. 
  • Резултатите обично се добиваат во рок од неколку дена. 
  • Ако има потреба од дополнителни прегледи, ќе бидете известени.

Заклучок
Мамографијата е важен дел од грижата за здравјето на жените. Таа помага да се откријат промени на дојките додека сè уште нема симптоми – што значи и поголеми шанси за успешно лекување.

 

Доколку сте над 40 години или имате ризик фактори, разговарајте со вашиот матичен лекар за тоа кога е време за вашата следна мамографија.

Средна оцена:

3 (80 гласа)

Оцени: