Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Здравствени состојби и интервенции

Што треба да знаат родителите за срцевите шумови кај децата

 Што се срцеви шумови кај децата?

Срцеви шумови кај децата се различни типови на звуци кои произлегуваат од струењето на крвта низ срцевите валвули; треперењето, отпорот и пропуштањето на срцевите валвули, или шум кој потекнува од струењето на крвта низ одредени патолошки отвори или каналчиња кои се наоѓаат уште при раѓање на детето.

Дали срцевите шумови можат да се слушнат по раѓањето на детето?

Одредени срцеви шумови може да се чујат при самото раѓање на детето бидејки тие се раѓаат со отворче и  каналче, кои се нарекуваат и фетални комуникации и тие нормално може да произведат шум уште  во првите денови кај детето, додека не се затворат.

Одредени патолошки шумови кои произлегуваат од вродени срцеви мани може да се слушнат  и во првите денови од животот на детето.

Како се степенуваат срцевите шумови?

Постојат 6 степени на срцев шум:

  • 1(прв) степен е едвај чуен срцев шум кој вашиот педијатар ќе го аускултира кај вашето дете со помош на стетоскоп.
  • 2(втор) степен е шум кој веке се слуша во одредена точка на градниот кош и е високо фрекфентен музикален шум.
  • 3(трет) степен е груб шум кој се слуша на повеќе точки на градниот кош со стетоскоп кој е прилепен за градниот кош.
  • 4(четврт) степен е шум кој педијатарот го слуша преку неговата шака поставена на градниот кош, а стетоскопот е прилепен над шаката.
  • 5(петти) степен  е шум кој педијатарот го слуша преку неговата тупаница поставена на градниот кош, а стетскопот е поставен над тупаницата.
  • 6(шести) степен е груб  многу гласен шум кој се слуша кога стетоскопот е одалечен за 1 цм од градниот кош.
 

Кога родителите треба да се загрижат доколку нивното дете има срцев шум?

Доколку родителите на дете со срцев шум  ги осетат следните симптоми и знаци треба да се загрижат:

  • Постоење на потешкотии при хранење особено ако детето има замор
  • Многу се поти и губи или не наддава во тежина
  • Доколку дишењето е отежнато
  • Добива чести воспаленија на белите дробови
  • Се следи модрило на устата или на прстите на нозете и на рацете
 Дали  срцевиот шум може да исчезне?

Да, но само доколку се работи за невин музикален шум, кој со тек на растење на детето  може да изгуби

Шумовите кои потекнуваат од постоење на вродена срцева мана , можат да исчезнат по оперирање на маната, или по интервентен третман на срцевата мана.

Одредени шумови кај сериозни срцеви мани траат цел живот.

Дали употребата на ехокардиографијата  (ултразвук) може да детектира срцев шум?

Да. Ултразвукот  (ехокардиографијата) може да го детектира срцевиот шум, т.е причината за појава на срцевиот шум. Всушност тој е златен стандард за детекција на срцевите заболувања. Постојат повеќе модалитети на ехокардиографијата, со кои заедно ќе се открие срцевата болест.

Дали ултразвукот е штетна метода?

Не, ултразвукот неинвазина метода и напротив може да се применува повеќекратно кај детето. Всушност во зависност од поставената дијагноза на срцево заболување, се применува во одредени временски интервали, контролни прегледи кај децата.

Дали со употреба на електрокардиограм( ЕКГ) може да се откријат срцеви шумови ?

Всушност, ЕКГ-то не ги открива срцевите шумови. Тоа се прави со употреба на т.н. стетоскоп, направа која лекарот ја користи за да го слушне срцевиот шум.

Но одредени промени кои се појавуваат во ЕКГ –то, може да упатат на болести на срцето кои се проследени со срцев шум.

Дали може да се спречи појава на срцев шум?

Всушност не. Постоењето на генетска предиспозиција кон одредена срцева болест, носи ризик за појава на одредена срцева болест, која ќе предизвика срцев шум.

Она што може да се спречи е мајката во тек на бременост да избегнува одредени штетни работи и  фактори како што се : нездрава храна, пушење, употреба на алкохол и дрога, стрес во самата бременост, и помалку изложеност на зрачење и аерозагаденост.

Доколку постои генетски ризик, пренатално мајката може да се изложи на серија иследувања кои можат да покажат одредени патолошки промени, и во зависност од наодите да одлучи дали ќе ја задржи бременоста.

Што е надобро за лекување на срцевите шумови ?

Најголемиот број од срцевите шумови не бараат лекување, туку само следење.

Се лекува основната болест која довела до срцев шум.

Лекови кои може да се употребат при постоење на срцев шум, но само со точна дијагноза која довела до шумот се:

  • Антикоагулантна терапија
  • Диуретици( лекуви за исфрлување на вишокот на течност од организмот  (Фуросемид, Спиронолакотн)
  • АКЕ ( ангиоконвертирачки ензимски инхибитори)- Каптоприл и Еналаприл во детска возраст се најчесто употребувани
  • Дигоксин- лек за сузбивање на срцевата слабост
  • Бета блокери ( Пропранолол, Метопролол и др) кои ја намалуваат хипертензијата и ја успоруваат срцевата фрекфенција.

Срцева операција  и други процедури -  се потребни кај состојбите кои предизвикуваат влошување на срцевите болести, во прв ред на вродените срцеви мани, ревматските срцеви мани, аномалии на коронарните артерии. Овие се изведуваат само кај строго селектирани случаи на деца со срцев шум.

Дали детето со срцев шум може да спортува?

Воглавно да. Децата со невини шумови и уредно ЕКГ може  професионално да спортуваат да спортуваат.

Децата со вродени срцеви мани кои само имаат потреба од следење може да имаат рекреативна активност.

Децата оперирани од поедноставни срцеви мани, може да имаат блага рекреативна активност, со цел за здрав развој на телото.

Децата оперирани од сериозни, комплексни мани имаат забрана за професионално спортување, додека физичката активност си ја проценуваат според можностите, секако избегнувајќи форсиран физички напор.

 

  1. Heart murmurs- diagnosis & treatment. www.mayoclinoc.org
  2. Hueckel RM, et al.  Pediatric murmurs. Nurs Clin North Am 2023. PMID: 3753793
  3. Haart murmurs in children: what parents should know. Am Fam Physician.2022. PMID 35289586

Средна оцена:

3 (41 гласа)

Оцени:

Вашата оцена е евидентирана!