Shopping cart

Free Shipping for all orders over $200

Big Dumbbells
$120.00 x2
Vitamin Bottle
$80.00 x2

Subtotal:

$113.00
  • Следете нѐ:

MK

|

SQ

disabled_visible

Здравствени состојби и интервенции

Срцеви шумови кај деца

Срцеви шумови кај децата се звуци кои потекнуваат од  брз, турбулентен проток на крв низ срцето.

Тие се откриваат со посебна направа за слушање, медицински наречена стетоскоп.

Срцевите шумови може да бидат присутни на раѓање кај децата, но може да се слушнат и подоцна во текот на детството и адолесценцијата.

Шумовите кои се слушаат на раѓање се нарекуваат вродени (конгенитални), и нивното потекло може да биде различно. Тие може да се причинети од  постоење на отвори во преградите на срцето, стеснување или слабост ( пропуштање на крв), или треперење на одредени срцеви залистоци.

Какви видови на шумови има кај децата

  • Срцевите шумови се делат на 2 големи групи:
  • Невини (музикални) срцеви шумови, кај кои срцето е анатомски здраво.
  • Огрански срцеви шумови- секој пат причинети од структурни аномалии на срцето и срцевите залистоци.
 Колку е ургентен срцевиот шум ?

Најголемиот број од срцеви шумови во детската возраст се невини- музикални, бенигни шумови. Може и слабокрвноста да предизвика систолен шум. Матичниот лекар треба да направи прва проценка кај детето, и потоа да направи план и упатување  на детето кон педијатриски кардиолог. Оваа група на пациенти нема итност.

Постои друга група на шумови кои означуваат срцево заболување, и кои треба брзо и навремено да се дијагностицираат. Овие шумови бараат што побрзо упатување на пациентот, во педијатриски кардиолошки центар.

Најголема итност за преглед и одредување на срцева болест имаат новородени бебиња, кои уште во првиот ден од животот манифестираат модрило на кожата, кое модрило се продлабочува од час во час, и од ден во ден. Овие бебиња треба најитно да се упатат во специјализирана установа за  детска кардиологија.

Симптоми при срцеви шумови

Можно е пациентот да нема симптоми (најчесто).

Доколку има тоа се:
  • Градна болка
  • Модрило на прстите на рацете и нозете, модрило околу устата
  • Модрило на целата кожа кај детето од различен степен
  • Постојана кашлица
  • Отежнато и брзо дишење
  • Глад за воздух
  • Отечен црн дроб
  • Отечени вратни вени
  • Отоци на периферија на рацете и нозете

Постапки за дијагноза за срцевите шумови во детска возраст

Постојат повеке постапки за откривање на срцевите шумови.

  • Добро земени податоци од родителите/старателот/ медицинско лице за симптомите кои се пројавуваат кај пациентот
  • Преглед по органи и органски системи ( физикален преглед)
  • Изведување на електрокардиограм- апарат со кој се добива графички запис за работата на срцето
  • Рентген снимка на граден кош- проценка на големината, формата и поставеноста на срцето, и проценка на крвниот проток во белите дробови
  • Ехокардиографија- метода која користи ултразвук и со неа се прикажува снимка во живо од срце кое работи. Со неа се проценува големината на срцето во зависност од возраста, отсуство на одредени структури, стеснување на валвулите, треперење на истите, присуство на млитавост на валвулите и враќање на крвта назад кон срцевите комори и преткомори
  • Одредување на кислородна заситеност на организмот со пулс оксиметар
  • Сложени процедури само кај шумови кои потекнуваат од сериозни срцеви заболувања и тоа: срцева катетеризација, изведување на компјутеризирана томографија со ангиографија на срцеви артерии и големи артерии, магнетна резонанца на срце.

Третман на срцевите шумови

  • Осумдесет проценти од децата кои имаат срцеви шумови немаат потреба од третман.
  • Останатите деца кај кои ќе се регистрира срцева мана која не треба да се оперира бараат само регуларно следење.
  • Децата кои имаат шумови кои потекнуваат од вродени срцеви мани, кај кои има оптоварување на циркулацијата имаат потреба од третман.
  • Третманот кај одредени деца се состои со вметнување на направи во форма на чадорчиња со кои се затвораат одредени отворчиња, кај други се прави проширување на стеснатите големи крвни садови кај залистоците со употреба на балони внесени по пат на катетеризациона постапка.
  • Останатиот  број на деца со вродени срцеви мани имаат потреба од оперативен кардиохируршки третман.
Колку редовно треба да се посети педијатриски кардиолог при постоење на срцеви шумови
  • При секој прв пат чуен шум од матичен лекар мора да се направи преглед од педијатриски кардиолог.
  • Понатамошните контроли се по следниот распоред
  • Невините ( музикалните шумови) се следат на 2- 3 години
  • Децата со срцеви мани кои во моментот на преглед, а и според искуството на лекарот се  без потреба и од идна интервенција се следат 1 годишно, или на 2 години еднаш.
  • Децата кои имаат потреба од интервенција која нема да се изведе скоро, се следа во просек од 3- 6 месеци.
  • Деца кои имаат потреба од интервенција се следат секој месец.
  • Деца кои се оперирани од вродена срцева мана се следат најпрво 1 месец, по операцијата, па потоа по 3, по 6 и по 12 месеци од операцијата. Потоа еднаш годишно до 14 (18година) и се предаваат на адултен кардиолог.
  • На една или на 2 години кај сите оперирани деца треба да се направи Холтер 24 часовно снимање.
 Животен стил кај децата со срцеви мани
 
Најголемиот број од децата со срцеви шумови имаат слободен животен стил без ограничување на физичката активност и посета во училиште. Можат и професионално да спортуваат.

Дел од децата , оние со срцеви мани кои нема да бидат подложени на операција, може да имаат физичка активност, но да избегнуваат екцесни оптоварувања. Кај нив воглавно се препорачува рекреативна физичка активност.

Децата кои биле подложени на срцева операција на едноставни срцеви мани, или дел од нив се затворени со чадорче треба да имаат благи до умерени рекреативни вежби.

Кај нај комплексните срцеви мани кои се оперирани со една, или повеќе срцеви операции се забрануваат фискултура во училиште.

  1. Heart murmurs-Symptoms& causes- Mayo Clinic. https//www.mayoclinic.org
  2. O Meara D. Evaluation of heart murmurs in children. JAMA Pediatr.2023. PMID: 37358864
  3. Barstow C, et al. Heart Diseases in children: Heart murmurs. FP Essent.2025 PMID: 39960775 Review.

Средна оцена:

3 (41 гласа)

Оцени:

Вашата оцена е евидентирана!